Притисоци врз пензионерите со закана за бркање од домовите!

Станарка од пензионерскиот дом во населба Аеродром, за ЦИВИЛ Медиа посведочи дека минатата недела, вработени во ПИОМ ги собирале личните карти на пензионерите од зградата, со образложение дека ќе проверуваат дали има промени во личните податоци на истите! Според сведоштвото на станарката, сето ова се одвивало со посредство на управителот на зградата, со чија помош, вработени од ПИОМ, оделе од стан до стан, и ги собирале нивните лични документи, наводно за проверка дали има промени?!

Нашиот сведок, која вели дека е симпатизер на СДСМ, раскажува дека поради тоа што не ја отворила вратата и одбила да ги даде своите документи, постојано е мета на управителот и се соочува со закани и уцени кои одат дури дотаму, што и било кажано дека ќе и го одземат станот. Случајот го пријавила и во полиција! Таа се сомнева дека слични притисоци пред избори се одвиваат и во останатите пензионерски згради Во Ѓорче Петров, Автокоманда и Чаир.

Маја Ивановска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

Print Friendly, PDF & Email