Започна изборната кампања!

На полноќ официјално започна кампањата за предвремените избори на 11-ти декември. На телевизиите веќе од утрово се вртат пропагандни спотови, а на сајтовите осамнаа првите рекламни банери со носителите на пратеничките листи.

Како што веќе најавија политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ својата кампања ја започнува во Охрид, СДСМ со средба со граѓани во Крушево и со голем митинг во Прилеп, ДУИ во Липково, „Коалиција за промени и правда“ во Скопје, а коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе ја започне својата кампања утре во Охрид.

Изборната кампања ќе трае 20 дена, односно до 9-ти декември на полноќ. Се очекува дека оваа кампања ќе биде една од највалканите досега, иако вчера сите учесници потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.

На изборите ќе учествуваат 11 политички субјекти, шест политички партии и пет коалиции.

Новина на претстојните избори е тоа што во избирачкиот список, покрај податоците за гласачите, ќе има и нивна фотографија.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian