Притисоци во Гостивар за учество на митингот на ВМРО-ДПМНЕ

Во пресрет на митингот на ВМРО-ДПМНЕ закажан за недела, 16 октомври, во тек се засилени подготовки и мобилизација на членството. Набљудувачите на ЦИВИЛ и граѓанските новинари и од Гостивар јавуваат за притисоци во администрацијата за масовно присуство.

Подготовките за митингот на ВМРО-ДПМНЕ низ земјата протекува во знакот на информациите дека главна публика утре ќе бидат вработените во администрацијата и нивните блиски. Со закана дека ќе бидат казнети, вработените во администрацијата во општина Гостивар имаат строги насоки дека мораат да бидат дел од учесниците на утрешниот митинг.

„Без оглед на желбите и сценаријата на нашите опоненти ние секогаш сме се одликувале со поразлична свест од нив, поразлично чуство на одговорност кон граѓаните и кон државата затоа што за нас секогаш интересите на Македонија биле и се пред сите други. На Македонија и требаш сега!“ - се вели во повикот на владејачката партија.

Според извештаите, 12 автобуси (околу 600 лица) се закажани во Гостивар и околните општини. Нивното поаѓање од Гостивар и околината се очекува во 11.30 часот.

Print Friendly, PDF & Email