PRESS 4 PEACE

Невладините организации и сите добронамерни и мирољубиви луѓе најостро го осудуваатдиректното и суровото насилство и хулиганизмот кои во последно време се во пораст.

 

Упатуваме протест до партиите поради меѓусебните обвинувања и избегнување на одговорноста за меѓуетничките тензии.

131 (Small)Повикуваме на одговорност на владините институции. Владата ги има сите механизми на располагање со кои меѓуетничките односи може да се подобруваат, а не да ескалираат омразата и насилството. Со одговорно однесување на властите, како на подолг рок, така и во дадените ситуации, може да се спречи ескалација на насилството. Ги повикуваме властите да преземат итни мерки за спречување на инцидентите и во претстојниот период до изборите, како и потоа. Ова не подразбира силно полициско присуство на улиците, туку градење доверба и почит меѓу заедниците.

Крајно опасно е национализмот и меѓуетничките односи да се злоупотребуваат за постигнување тесно-партиски интереси во контекст на претстојните избори.

Медиумите ги повикуваме да бидат одговорни и да останат во рамките на професионалните стандарди и етиката, за да не придонесат кон пораст на тензиите.

100 (Small) (1)Бараме манифестација на искрена политичка волја од политичките партии и институциите на национално и локално ниво да се справат со корените на конфликтите по различни основи, во овој случај меѓуетничкиот конфликт. Тие мораат да бидат одговорни и за растечкиот интраетнички раздор. Поентата не е само да се смирува ситуацијата кон која токму институциите придонесоа со своите погрешни политики. Време е да се започне со искрен дијалог и вистински мерки за градење доверба. Веднаш!

Во овие застрашувачки инциденти, голем дел од учесниците, како и жртвите на насилствата се малолетни лица. Ова е неприфатливо и веднаш мора да престане!

Поштедете ги децата и младите од опасните и валкани политички игри, бидејќи тие заслужуваат повеќе!

Не се работи за вас, се работи за нас, граѓаните!

 press 4 peace

PRESS 4 PEACE ИНИЦИЈАТИВА

  1. Цивил – Центар за слобода
  2. Институт за развој на заедницата Тетово
  3. Центар за развој на заедницата Кичево
  4. Фондација за развој на локалната заедница Штип
  5. Форум Цивилен Мировен Сервис
  6. Хелсинчки Комитет за Човекови Права на Република Македонија
  7. Младински образовен форум
  8. ГраѓанскаиницијативаАман!
  9. Одраз – Организација за демократска реакција и асоцијација на здруженија
  10. НВО Инфо Центар
  11. Македонски институт за медиуми
  12. Тренинг центар за менаџмент на конфликти
  13. Институт за општествени и хуманистички науки Скопје
  14. Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација
  15. Прва детска амбасада во светот - Меѓаши
  16. Акција здруженска
  17. Женска граѓанска иницијатива Антико
  18. Коалиција за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници

 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email