MK Parliament

ПРЕДЛОЗИ, ПРОТИВПРЕДЛОЗИ... КРИЗАТА ПРОДОЛЖУВА

Опозицијата денеска излезе со свој предлог за цел излез од политичката криза. Владејачката партија експресно одговори со свој рок.

Скопје, Феб. 15, 2013 - Опозицијата денеска излезе со предлог за излез од политичката криза. На прес конференцијата на СДСМ, лидерот на опозициската коалиција Бранко Црвенковски потсети на настаните од 24 декември, по што го изнесе предлогот на опозицијата во две точки.

Предлогот се состои во одложување на локалните избори за 28 април и барање до власта, ако опозицијата освои еден глас повеќе на локалните избори во септември да се организираат предвремени парламентарни избори. Ова според Црвенковски е последен предлог со кој се нуди излез од политичката криза доколку за тоа постои волја кај владејачката партија.

“Бојкотот не е лажна закана!“- изјави лидерот на опозиционерите. Доколку Груевски не ги прифати овие барања, Црвенковски повтори дека опозицијата нема да учествува на локалните избори.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ експресно одговори дека „не постои теоретска можност за било каков договор со СДСМ во кој се споменуваат предвремени избори во било која опција и во било која варијанта, ниту пак постои можност за пролонгирање на датумот за одржување на локалните избори.“

Nikola-GruevskiMacedonia's President Branko Crvenkovski speaks during an interview with Reuters in Skopje September 17, 2008. Crvenkovski said talks with Greece to solve their dispute over his country's name could be frozen for a year, blocking its integration with NATO and the EU, unless the two sides compromise in coming weeks. REUTERS/Ognen Teofilovski (MACEDONIA)

ВМРО-ДПМНЕ даде рок до 19 часот вечерва СДСМ да се согласи на новиот предлог со тоа што ќе го продолжи рокот за доставување на советничките и градоначалничките листи за 3 до 4 дена, а сепак, рокот за одржување на локалните избори да остане ист.

Тонот е висок, а решение на политичката криза не е на повидок.

Цивил – Центар за слобода е на став дека предлогот на опозицијата, сепак, беше конструктивен и дека требаше посериозно да се разгледа и да се најдат начини конечно да се започне со политички дијалог за излез од кризата. Цивил потсетува на своите претходни искажани ставови дека „одговорноста за состојбите во една демократска држава секогаш е во рацете на власта повеќе отколку кај опозицијата. Едноставно, власта е таа која располага со инструментите за создавање и одржување на демократскиот амбиент во државата“ – како што беше нагласено на прес конференцијата од 30 јануари.

Оваа вест е достапна и на: English