Избирачкиот список е чист за СДСМ, но не и за граѓаните!

По објавување на конечниот Избирачки список синоќа, во кој според сите ревизии на ДИК, сега се запишани 1.531.368 гласачи во Македонија, најголемата опозициона партија, СДСМ, во партиското соопштение, практично изразува уверување дека гласањето во целост ќе ја одрази волјата на граѓаните.

„Со заклучениот Избирачки список, Државната изборната комисија го потврди она што СДСМ долго го тврдеше - дека во Македонија има околу 1.500.000 гласачи. Во посебниот избирачки список се запишани 230.122 гласачи и со тоа елиминирани се, сите можности за злоупотреба на овие гласови“, оценуваат од СДСМ.

Но, голем е бројот на граѓани, кои не ги делат уверувањата на СДСМ.

јјм

 

Реакциите до ЦИВИЛ, за присуство на „фантоми“ во прочистениот Избирачки список се секојдневни. Граѓан(к)ите бараат помош, во неможноста да ги „иселат фантомите“ од нивните домови и по бројните пријави во ДИК. Има стотици пријави, меѓу нив, и случаи со десетина идентитети на иста адреса, целосно непознати на сопствените на куќите на чија адреса овие лица добиле валидни лични карти со кои гласаат на избори!

Инаку, покрај 1.532.368 гласачи во Македонија, на посебен извод од Избирачкиот список се запишани 230.122 лица, кои според податоците на ДИК се на привремена работа или престој во странство, но кои не се пријавиле за гласање. На друг извод се 20.573 гласачи во странство, кои што се пријавиле за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва.

На посебни изводи од ИС се и тринаесет внатрешно раселени лица, 2.015 лица кои се во притвор или во затвор и 325 членови на избирачките одбори во дијаспората, кои ќе гласаат во Дипломатско конзуларните претставништва или канцеларии.

М. Талеска

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian