Илустрација: Мирослав Стојановиќ

Аларм: Слободни избори, услов за кој (не) се преговара

Јавен настан посветен на граѓанките и граѓаните, правото на глас, правото на учество во одлуките, правото на слобода
 
ЦИВИЛ организира 120-минутен јавен настан на кој, уште еднаш, во проширена и детализирана форма, ќе ги презентира препораките за реформи во изборниот систем на 5 јуни 2018, во хотел Континентал, со почеток во 13 часот.

ЦИВИЛ јавно ги поканува претставниците на сите политички партии, институции, медиуми, организации на граѓанското општество и заинтересираните граѓанки и граѓани да земат активно учество на овој јавен настан. Според агендата, настанот ќе биде поделен во два дела: воведни излагања на експертскиот борд на ЦИВИЛ и дискусија од пријавените говорнички и говорници на самиот настан.
Воведни излагања ќе имаат д-р Хедер Роберсон Гастон (САД), д-р Сашо Орданоски, Александар Новакоски, Сандра Гавриловска и Џабир Дерала. ЦИВИЛ ги охрабрува претставничките и претставниците на политичките партии да земат активно учество во дискусијата по воведните излагања.

Илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки
Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English