ВМРО-ДПМНЕ ја присвојува и историјата!

Во недела на 20 декември, ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Велес, во црквата „Св. Пантелејмон“, со исклучиво партиска иконографија и во присуство на локални партиски функционери, го „присвои“ одбележувањето на 113 години од смртта на македонскиот јунак Миле Поп -Јорданов.

Счужбен гласник Велес

Службен гласник на Општина Велес, број 14 година L              02 декември 2014 година

Покрај тоа што во „Службениот гласник“ на Општина Велес, во Програмата за одбележување годишнини на значајни настани и личности за 2015 година, е наведено дека прославувањето на смртта на Поп-Јорданов, е во организција на општина Велес, како што тоа беше пракса - од самостојноста на Република Македонија, сé досега, годинава одбележувањето беше превземено од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако Општина Велес пред десеттина години и песната „Болен ми лежи Миле Поп - Јорданов“ ја прогласи за химна на градот, за разлика од одбележувањата на овој настан во минатото, кога присуствуваа голем број граѓани, како и претставници од опозицијата, годинава одбележувањето на годишнината од смртта на Поп - Јорданов беше ексклузивно право само на припадниците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

ВелесПратениците Илија Димовски и Ѓорги Коџабашиев од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес, со директори на јавни, државни и локални институции и претпријатија и професори, со препознатлива партиска иконографија (знамиња со лав, со шеснаесеткрако сонце, како и знамето на ВМРО) и со препознатливите „униформи“ и црни беретки, и со носии од времето на комитите, најпрвин присуствуваа на панихида одржана од свештеник на МПЦ и со присуство на хорот на Повардарската епархија.

И со последниот настан, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со присвојувањето и партискиот „ексклузивитет“ на македонската историја, особено во предизборниот период.

Мобилниот тим на ЦИВИЛ, Велес

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian