Медиумите во мај известуваа за упадот во ЦИВИЛ и сторијата за обид за убиство на пратеникот Села

Големиот број на соопштенија и извештаи, и уште поголемиот број на активности што ЦИВИЛ-Центар за слобода ги реализираше во текот на месец мај, како во Скопје, така и во останатите градови низ Македонија, предизвикаа интерес кај традиционалните, национални, регионални и локални медиуми, а уште повеќе кај Интернет медиумите.

На почетокот на мај, канцелариите на ЦИВИЛ беа насилно обиени и ограбени, при што беше одземен голем дел од компјутерската, фото и аудио опрема, со која располагаше ЦИВИЛ. Случајот беше веднаш пријавен во полиција, но иако медиумите покажаа солидарност и ја информираа јавноста за проблемот со кој се соочи ЦИВИЛ, случајот сè уште не е расветлен.

Канал 77, ТВ 21, Фокус, Репортер, 10без10, Плус инфо, Слободен печат, Радио Моф, Либертас, Portalb, BotaSot, Telegrafi, Ina-online, се дел од медиумите кои пишуваа за ограбените простории на ЦИВИЛ, настан што покрена многу прашања во јавноста за мотивот за кражбата.

И покрај големата штета што беше нанесена, ЦИВИЛ продолжи со своите активности во рамки на проектот „Општество без граници“. Промоцијата на „Граѓанската повелба“ во Тетово предизвика голем интерес кај тетовчани. Локалните медиуми Uskana, ТВ Art и TetovaSot, информираа за посетата на ЦИВИЛ во нивниот град.

На 5 мај годинава, беа одбележани две години од почетокот на големите протести, како резултат на прислушуваните материјали за прикривањето на бруталното убиство на Мартин Нешковски во 2011 година. По тој повод, ЦИВИЛ објави соопштение „Две години граѓански отпор, одговорните за бруталноста сè уште се на слобода“. Соопштението го пренесоа Позитив, Слободен печат, Либертас, Локално, Репортер, Lajmpress, Telegrafi, TetovaSot.

И видеото прилогот на ЦИВИЛ Медиа, на кој е снимен еден од напаѓачите на пратеникот Зијадин Села во Собранието, како еден од „бранителите“ на Уставниот суд,  кога се носеше Законот за помилување, предизвика голем интерес кај медиумите: Позитив, Фокус, Репортер, Макфакс, Либертас, Нова ТВ, Telegrafi, Lajmpress.

Во мај се одбележаа две години и од крвавиот 9 мај 2015, кога во Диво насеље во Куманово, животот го загубија осум припадници на безбедносните структури. Со соопштение до јавноста „Да живее 9 мај“, ЦИВИЛ повика на одговорност на институциите. Плус инфо, Радио Моф, Слободен печат…, се дел од медиумите што го презедоа соопштението.

Транспарентите во кои се имплицираат смртни закани за Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, што беа забележани на протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, беа осудени од ЦИВИЛ. Соопштението „Фашисоидната клика да одговара за повици на убиство и екстремно политичко насилство!“, го проследија медиумите Либертас, Плус Инфо, Репортер, Portalb, Ina-online, Almakos, Lajmpress.

Во мај, проектот „Општество без граници“ беше промовиран и во Штип. Локалните медиуми ТВ Ирис и ТВ Стар присуствуваа на прес-конференцијата на ЦИВИЛ на која беше презентиран проектот. Покрај Штип, ЦИВИЛ го посети и Кавадарци и одржа промоција на проектот, прекуинфо штанд и средби и разговори со граѓан(к)ите..

На веб-страниците на ЦИВИЛ беа објавени ексклузивни фотографии од нападот на претеникот Села на 27 април во Собранието. Фотографиите кои сведочат за бруталното насилство од поддржувачите на иницијативата „За заедничка Македонија“, предизвикаа голем интерес кај медиумите: Репортер, Таратур, Либертас, Точка, МKД, Локално, Бриф, Плус инфо, Нова ТВ, Стандард, Фокус, Balkanweb, Oranews, Albeu, Antpress, Almakos, Portalb, BotaSot, Ina-online, Gazetaexpress.

Медиумските содржини ЦИВИЛ ги објавува на своите веб-страници на македонски, на албански и на англиски јазик. Сите содржини се достапни за споделување и превземање со наведување на изворот.

Марија Теговска

Print Friendly, PDF & Email