Партиите на јавна дискусија за плурализмот и политичката криза

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира јавна дискусија на тема Плурализмот и политичката криза којa ќе се одржи во понеделник, 4 април 2016 година во хотел Сити Парк, со почеток во 11 часот.

Како говорници на овој јавен настан се поканети претставници на политичките партии кои не беа дел од преговорите за надминување на политичката криза во Република Македонија.

FEFC event banner 04042016_01 - C

Појдовна теза за дискусија: Договорот за надминување на политичката криза (Пржино, 2015) е само делумно имплементиран. Институциите кои се обврзани да овозможат слободни избори и за владеење на правото се соочуваат со политички и медиумски опструкции, како и со опструкции од други институции. Дали се можни избори на 5 јуни? Кои се ставовите и решенијата за надминување на политичката криза кои можат да ги понудат политичките партии кои не се вклучени во процесот од Пржино?

Претставници на политичките партии, граѓанското општество, медиумите и меѓународната заедница се поканети на оваа јавна дискусија.

Настанот е во рамките на проектот Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English