ЦИВИЛ го потпиша Меморандумот за соработка со НВО за набљудување на изборите

ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска го потпиша Меморандумот за соработка за формирање на Платформа за набљудување на изборите заедно со „Транспаренси Интернешнл Македонија“, Институтот за комуникациски студии, Центарот за економски анализи и Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

Цел на формирање на Платформата е организациите во меѓусебна соработка и комуникација, базирана врз Декларацијата за глобални принципи за непристрасно набљудување и мониторинг на изборите од граѓанските организации, како и заеднички придонес во процесот на изборно набљудување.

Во име на ЦИВИЛ, Меморандумот го потпиша претседателот Џабир Дерала.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=YGk9v6iIJzQ[/youtube]

„ЦИВИЛ – Центар за слобода веќе подолго време инсистира дека Македонија е под константна изборна кампања. Веќе со години, таа кампања започнува на денот откако ќе завршат претходните, често предвремени, избори. Од таа гледна точка, ЦИВИЛ спроведува навистина долгорочно, исцрпно набљудување на социо-политичките состојби, на состојбите на човековите права, особено во изборен контекст. Во таа смисла, дојдовме до навистина фрапантни наоди кои мислам дека редовно ги објавуваме, како и колешките и колегите од другите организации. Ние и во овој изборен процес влегуваме со навистина сериозни капацитети низ целата земја. Поддржани сме од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, од германски средства при Пактот за стабилност за југоисточна Европа, National Endowment for Democracy, само што заврши еден проект со УСАИД програмата, а во тек се преговори со други донатори, за да ни помогнат да направиме навистина сериозно истражување и сериозен мониторинг на сите аспекти на изборниот процес. Во соработка сме со сите организации кои се релевантни во овој процес, се разбира, да не ги заборавам, и нашите колешки и колеги од ГОНГ од Хрватска, кои во текот на минатата година навистина ни помогнаа во овој домен, како и со десетина, можеби и повеќе, невладини организации на локално ниво низ целата земја“, изјави Дерала пред потпишувањето на Меморандумот.

Print Friendly, PDF & Email