Јозиќ-Илековиќ: Јавноста мора да знае колку навистина се троши за политичка кампања

ЦИВИЛ – Центар за слобода одржа тематска средба “Финансирање на политичките партии и на изборните кампањи“ на која гостуваше експертски тим од Република Хрватска. Средбата се одржа во Скопје, на 20 ноември 2015 година во Скопје, во рамките на проектот „Моето гласачко право“. Проектот е овозможен со поддршка од американскиот народ, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Експертскиот тим Александра Јозиќ Илековиќ од Центарот за одличност при хрватското МНР и Драган Зелиќ од ГОНГ, ги споделија искуствата на Хрватска која не така одамна имаше слични искуства и предизвици како и Македонија.

Јозиќ Илековиќ, поранешна заменичка-претседател на Државна изборна комисија на Хрватска и актуелна  советничка на министерот за јавна администрација, Арсен Баук, се осврна на правните аспекти на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи:

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=QSvqv5ArO6k[/youtube]

„Секој трошок и секој расход мора да оди преку посебна сметка. Кога зборуваме за известувањата кои со правилник ги пропишува министерот за финансии, се работи за повеќе известувања, и сите тие мора да бидат детални, со многу повеќе содржина, прво, извештај за донации, потоа извештај за трошоците и расходите. На ГОНГ им беше особено интересен извештајот за цените и за остварените попусти во медиумското рекламирање во кампањите.

Тоа се трите елементи кои мора да содржат мошне исцрпни и детални податоци. Ве упатувам, ако сакате да истражувате, а гледам дека сакате да работите и да учите, добро е да ја погледнете веб-страницата на ДИК на Хрватска www.izbori.hr. На веб-страницата се објавени извештаи од учесниците на последните парламентарни избори во Хрватска, колку да споредите и да видите колку е голема разликата меѓу податоците кои се бараат според вашиот закон и податоците кои ние ги бараме. А, се работи за многу слична, и тоа го нагласувам, за многу слична законска регулатива.

Некои истражувања покажаа дека избирачите кај нас, ги казнуваат скапите кампањи и препотентните политичари. И затоа е многу е важно да се знае колкаво е вистинскототрошење, а колкаво е декларирано трошење и колкави се разликите. Исто така, треба да се знае да се препознаат и „сателитите“ кои се наоѓаат покрај учесниците на изборите... На пример, разните трговски друштва чиј основач е токму одредена политичка партија, да се види која е нивната улога во изборниот процес. Тоа исто така, е мошне интересно.

Ако го споредиме моделот на содржината на македонскиот изборен кодекс во однос на финансирање на кампања и хрватскиот закон тие се апсолутно многу блиски. Таму каде што детектиравме најголема разлика е што македонската Државна изборна комисија е всушност тело кое ги прибира извештаите од изборните учесници и истите ги објавува, меѓутоа не врши фактички надзор врз тие извештаи. И, тоа е една од препораките и наше мислење е дека за тоа тело таа одредба од законот треба прецизно да се одреди.“

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish