Осум условни казни и затвор за вујкото на убиениот Нешкоски

Кривичниот суд му изрече казна од 10 месеци затвор на Горан Митановски, вујко на убиениот Мартин Нешкоски, по повод настаните од 5-ти мај. кога по обелоденувањето на „бомбата“ за обидот на МВР да го прикрие убиството. граѓаните демонстрираа пред Владата.

И на Митановски и на другите обвинети, судот им ја укина мерката притвор. На затворски казни во траење од по три месеци, кои се заменуваат со условни осуди, ако обвинетите следната година не сторат ново кривично дело, беа осудени осум лица, уапсени со вујкото на Нешкоски, кој пак, е обврзан два пати месечно да се јавува во скопскиот Кривичен суд. Така, осумте условни осуди и ефективната затворска казна на Митановски, се епилогот на судењето на деветемина обвинети за “учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство“.

„Овие луѓе, со младешка чесност, го признаа делото за кое што се обвинети, но судот не им суди поединечно туку заедно“, изјавил адвокатот Мирослав Вујиќ, според кого, реакцијата на Митановски била разбирлива, како на вујко на убиениот Нешкоски, а дента била удрена и неговата сестра, мајката на Мартин

Пресудата на судијката Лидија Петровска е изречена по само едно одржано судско рочиште, пред медиумски екипи и претставници на граѓанските здруженија. но судијката, образложувајќи ја својата одлука, истакнала дека судот немал потреба да ја утврдува индивидуалната одговорност на секој обвинет одделно, а дека единствената ефективна затворска казна е „на горната граница“. Иако „Студентскиот пленум“ бараше не само укинување на притворот за нивните членови, туку и нивно ослободување од секаква вина, судијката Петровска рече дека во изрекувањето на казната го имала предвид токму тоа што сите обвинети го признале делото за кое биле обвинети.

Судењата на останатите обвинети продолжува на втори и трети јуни.

Томислав Кежаровски

Print Friendly, PDF & Email