Острени: Скапата кампања се плаќа и со пари од корупција и од нечесни игри!

Претставникот на коалицијата на „Алијанса за Албанците“, лидерот на „Унитети“, Гзим Острени, на конференцијата „Слободни избори 2016“, во организација на ЦИВИЛ - Центар за слобода, потенцираше дека албанските гласачи во моментов, се под силен притисок од ДУИ. Тој рече дека по првите два дена од кампањата, веднаш може да се забележи колку таа ќе биде скапа, и повика да се анализира потеклото на средствата со кои партиите ги финансираат своите кампањи.

„Посебно во делот на изборите, каде што ќе земат учество Албанците, постои невиден притисок, што граѓаните не можат да го разберат... Во последно време, се вработуваа млади девојки, но не им се даваше решение. Секој има некој роднин, или ‘племе’ од 300-400 луѓе, и може само да се замисли колкаво е влијанието на една политичка партија во ваква ситуација, особено на ДУИ. Во нашите анализи, ова го нарекуваме – корупција на гласачите. Кога му се заканувате на едно лице-девојка, дека ќе ја одведете од Дебар во Прилеп да работи, ако не гласа за вас, тоа е јасно, за каков притисок станува збор. Овие партии функционираат како технократски партии. Самите министри, а и директорите, особено на локално ниво, сите тие вршат притисок на вработените да гласаат за партијата на власт. Секој кој ќе му се спротивстави на ДУИ, ќе биде изгорен како вампир пред сонцето! Се надевам дека ЦИВИЛ ќе може ова да го надгледува и анализира“, оцени Острени.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian