Џонс: Во притвор се членови на Левица и член на нашиот президиум

Марија Џонс е членка на Президиумот на ново-формираната Левица, која истакна дека членови на Левица и членот на президиумот на партијата, Здравко Савески, се во притвор. 

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=drO3WZSt8Jc[/youtube]

„Јас сум само еден исполитизиран граѓанин“ - кажа Марија Џонс во својата изјава. Таа забележа дека меѓу партиите застапени на јавната средба не се наоѓаат партиите од власта, иако ЦИВИЛ е организација која има сопствено мислење. Зборови кои се слушаат најмногу од големиот граѓански протест на 17 мај 2015 година до денес се слобода, демократија и владеење на правото. Слободата и демократијата луѓето може да ја разберат на различни начини, но за владеење на правото мора да постои договор меѓу сите. Затоа, прв чекор треба да биде СЈО, да видиме владеење на правото, бидејќи сите сме засегнати со селективна примена на законите - поентираше Марија Џонс.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian