ДИК: МОСТ и ЦИВИЛ ја девалвираат нашата работа

Државната изборна комисија излезе во јавноста со следното соопштение:

Државната изборна комисија во целост ги отфрла и демантира шпекулациите и квалификациите изнесени од страна на невладините организации МОСТ и ЦИВИЛ, во врска со работата на Државната изборна комисија, а со цел да се девалвира истата. Апелираме до невладините организации да се воздржат од коментари и пишувања со цел да влијаат врз работата и одлуките на изборните органи за време на изборниот процес.

Државната изборна комисија во овој состав, од нејзиниот избор во декември 2015 година, работи стручно, целосно транспарентно, и во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија. Процесот на прочистување на Избрчакиот список и изборниот процес се одвиваат целосно транспарентно преку јавни седници и други облици на комуникација со јавноста, како и во согласнот со Изборниот законик.

Оттаму, укажуваме до невладините организации МОСТ и ЦИВИЛ исклучиво да се придржуваат до Изборниот законик и Кодексот за набљудување на изборите, како и нивните статути при давање на било какви изјави поврзани со работата на Државната изборна комисија.

Скопје, 4 мај 2016

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

 

Сооштение

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian