Огнен Јанески: Да ја живееме демократијата!

Кампањата „За слободни избори“ ЦИВИЛ ја започнува со изјавата на Огнен Јанески, новинар и активист, под наслов „Да ја живееме демократијата!“. Во продолжение, ви го пренесуваме транскриптот на неговата изјава:

[embedyt] http://www.youtube.com/watch?v=Owo1y2NrBbo[/embedyt]

 

Почитувани граѓанки и граѓани!

Во оној момент кога ќе речете некому дека не излегувате да гласате на избори, затоа што сите се исти и затоа што не верувате дека нешто ќе смените, тогаш сте погрешиле и сте ја запечатиле судбината на оваа држава во правец кој што не е ваш избор.

Вашиот избор, вашето заокружување, вашето гласачко право е нешто што ја крои иднината на оваа држава.

Затоа никогаш немојте да оставите вашиот глас да биде неискористен или потоа да размислувате дека некој го злоупотребил. За да ги немаме тие дилеми сите треба да излеземе на избори.

Само така слободната волја и слободната мисла ќе продуцираат слободни избори. Само на тој начин нема да размислуваме што е тоа демократија туку ќе ја живееме.

Кога ќе размислувате што е демократијата во истиот момент сфатете дека таа ја нема. Во оној момент кога ќе ја живееме нема да имаме потреба да размислуваме.

Гласајте слободно на избори!


Кампањата „За слободни избори“ може да ја следите на нашата веб-страница, како и на:

YouTube

Facebook

SoundCloud

Twitter

#ЗаСлободниИзбори
#PerZgjedhjeTeLira
#4FreeElections

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish