НОВО ИЗДАНИЕ НА СТИХОВИ НА СЛОБОДАТА

Уште едно издание на „Стихови на слободата“ ќе се одржи утре (вторник, 3 декември 2013) во клубот Менада во Чаршија, со почеток во 21 часот. На овој мултимедијален настан проследен со поезија, музика и кратки видео-арт филмови ќе настапат Катица Ќулавкова, Наташа Сарџовски, Агнеса Чаволи, Ана Василевска, Илир Ајдини, Зоран Анчевски, Мирослав Стојановиќ – Шуки, Џабир Дерала, Nixter, Orange Groove и Марио Јанкуловски.

„Стихови на слободата“ е заеднички наслов на поетски и мултимедијални перформанси во организација на Цивил во рамките на проектот-иницијатива „Проговори!“ – уметниците за човекови права и солидарност, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Одржувањето на ова издание на „Стихови на слободата“ коинцидира со свеченото одбележување на Меѓународниот ден на писателите во затвор по десетти пат во Македонија, во организација на ПОЕТИКИ - Канцеларијата на потпретседателот на Меѓународниот ПЕН и на Уредништвото на Колекцијата на поезија, фикција и есеј на Меѓународниот ПЕН и под-комитетот на КПЈП – Разноликост.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на писателите во затвор ќе се одржи на Филолошкиот факултет со почеток во 13 часот, а дел од авторите кои ќе настапат на овој настан ќе учествуваат на вечерните „Стихови на слободата“ во знак на меѓусебна поддршка и солидарност.

freedom lyrics 03-12-2013 authors

Print Friendly, PDF & Email