Полицијата ги злоупотребува своите надлежности и овластувања

На протестите во саботата пред општина Чаир беше приведен Бесим Ибрахими, новинар во “Лајм“, кој ги следел протестите. Приведувањето на новинарот е направено под сомнение дека учествувал во немирите пред општина Чаир.

Во соопштението на ЗНМ стои: „Приведувањето на новинарот Ибрахими е многу опасен преседан, новинари, кои следат протести, кои се настани од висок јавен интерес, да се приведуваат под обвинение дека учествувале во нарушување на јавниот ред и мир. Новинарот Ибрахими се затекнал на местото на настанот затоа што таму бил на професионална задача по налог на уредникот да ги следи протестите. Тој категорично ги одбива сите обвинувања дека бил учесник на протестите и дека ги попречувал полициските службеници во извршување на службена должност“.

На минатите протести во Ѓорче Петров припадници на специјалните единици на полицијата на дел од новинарите кои ги следеле протестите насилно им ги избриша материјалите.

Одговорот на МВР на претставката на новинарките„Не сум изненадена од односот на полицијата таа вечер, бидејќи не е прв пат, но бев разочарана од пристапот на Секторот за внатрешна контрола при МВР, односно од нивната експресна истрага за случајот. Како што знаете, таа вечер додека известувавме од немирите во Ѓорче Петров припадници на специјалните единици на полицијата ни ги избришаа насилно и со вербални навреди, со грабање на камерите, или со притисок врз некои од колешките сами да бришат. Бришењето на материјали беше селективно. Се бришеа снимките на кои полицијата приведуваше осомничени, а непречено бевме оставени да ја снимаме толпата. Полицајците одбија да ни се легитимираат, по што ние следниот ден случајот го пријавивме во внатрешна контрола. Оттаму ни рекоа дека ќе им треба барем еден месец за истражат и да не известат, па оттука бев фрапирана кога следниот ден по само 20тина саати тие ја затворија истрага, а како врвна аргументација го употребија фактот што ние сме имале новинарски извештаи и фотографии во медиумите за кои работиме од таа ноќ. Не знам ни зошто бев толку изненадена, ако се има предвид дека Секторот за внатрешна контрола во рамки на МВР, зарем треба да очекуваме самите себеси да се контролираат?! Сѐ додека секторот не се реформира и не стане комплетно независен од полицијата, нема надеж дека ќе биде поинаку за мојот или било чиј случај, припадниците на полицијата ќе постапуваат како што сакаат бидејќи знаат дека ќе поминат неказнето“ – вели Сашка Цветковска, една од новинарките на кои им беше избишан материјалот од протестите.

Во чудно брзиот одговор од МВР на преставката на новинарките до Секторот за внатрешна контрола се негира дека на новинарките им било попречено извршувањето на работните обврски, спротивно од сведочењето на новинарките.

Поплаки за однесувањето на полицијата имаат и активистите кои организираат протести. Лилјана Георгиевска, лидер на стечајните работници, се жали на провокации од страна на полицијата на нејзините протести.

Активистот Алек Гочев, кој учествувал во повеќе граѓански иницијативи, го раскажува однесувањето на полицијата кон Паркобраните.

Џелал Хоџиќ

Print Friendly, PDF & Email