Нема информации дека има уште затрупани под урнатините

Според официјалните информации од Дирекцијата за справување со кризи, поплавите однеле 22 човечки животи и нема информации за исчезнати лица, кои би можеле да бидат затрупани во урнатините. Но, населението има потреба од помош.

„Задолжените за стабилизирање на ситуацијата стравуваат од најавеното невреме денеска, коешто може да донесе дополнителни штети. Во моментов, има голема потреба од волонтери кои ќе работат на терен, ни требаат алати, опрема за чистење на калта, ракавици, чизми...“, вели Емилија Кипровска, раководител на Одделението за односи со јавност во Општина Гази Баба.

ЦМ

Print Friendly, PDF & Email