Демонстрантите и порачаа на власта: „Нашата уметност е бесплатна, а вашата е зад решетки!“

Инспирирани од информацијата дека се нарачани над 50 уметнички слики на високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ за нивниот партиски штаб, демонстрантите на вчерашниот протест носеa „гоблен“ во кој беше врамена слика на раководството на партијата, но зад решетки.

sl1

Главниот транспарент на протест беше слоганот: „Нашата уметност е бесплатна“.

Демонстрантите вчера повторно ја фарбаа Владата, а пред Собранието на Р.епублика Македонија, „командосите“ на Шарената револуција беа одликувани со ордени на заслуги, кои ги изработија граѓан(к)ите.

Print Friendly, PDF & Email