„Напред!“ утре во Кочани, Виница, Берово, Радовиш и Василево

Караванот Напред!, како дел од активностите на ЦИВИЛ – Центар за слобода за селекција, ангажирање и едуцирање на долгорочни, краткорочни и граѓански набљудувачи на изборите во Македонија, викендот продолжува во источниот регион.

Утре со почеток во 11:00 часот  мобилните тимови на ЦИВИЛ за мониторинg и поддршка ќе го посетат Кочани и ќе остварат комуникација со граѓанките и граѓаните кај Градскиот трговски центар.

Во двочасовна средба, кочанчани ќе бидат информирани за можноста да аплицираат за набљудувачи на ЦИВИЛ во изборниот процес. На настанот ќе се делат информативни и едукативни материјали за јакнење на јавната свест и за правaта на гласачите.

Попладнето, од 14:00 до 17:00 часот, двата мобилни тима на ЦИВИЛ паралелно ќе ги посетат општините Радовиш и Василево, едниот тим, и Берово и Виница, другиот тим. Во овие општини преку разговор со жителите ЦИВИЛ ќе го претстави проектот Напред! и ќе ги информира за проектните активности и како можат да бидат дел од набљудувачкиот тим за време на изборите.

12799215_915469668571503_5240422849125247520_nТимовите на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање за изјави за медиумите, како и за разговори за размена на информации со претставниците на граѓанското општество и политичките партии кои претходно се информирани и поканети. Исто така, заинтересираните граѓанки и граѓани, ќе имаат можност да учествуваат во фото-петицијата „За слободни избори“ и во видео- петицијата „Напред!“

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian