„Набљудуваме!“ пред „Палета“

Тим на ЦИВИЛ - Центар за слобода, во рамки на проектот „Набљудуваме!“, денеска од 12 до 13,30 часот, постави инфо-штанд во центарот на Скопје. Активистите поделиjа информативни материјали на стотина граѓанки и граѓани, а со дел од нив разговараа за предизборието, за кампањата и понудата на партиите во програмите и намитинзите, како за можноста да станат дел од мониторинг-тимовите за изборно набљудување на предвремените парламентарни избори.

ch

И покрај ниската температура, граѓан(к)ите застануваа на штандот и бараа информации за отворените позиции за краткорочни набљудувачи (за денот на изборите), за нивното гласачко право и за актуелните активности на ЦИВИЛ, а дел од нив сакаа да изнесат сопствени видувања и сознанија за предизборни нерегуларности.

Проектот „Набљудуваме“ е поддржан од Амбасадата на САД.

 

Print Friendly, PDF & Email