Не сум хулиган - само татко и дедо

„Не сум хулиган. Само татко и дедо.“ Без извичници, без помпа, едноставно напишано и наредени сликите на децата и внуците на овој повозрасен скопјанец. Ако треба да се бира слоган на неделата на протестите, ова е нашиот фаворит. 

samo tatko i dedo - Copy

Не сум хулиган, само татко и дедо

Слоганот на овој учесник на продемократските протести во текот на изминатата недела во Скопје, можеби најдобро ја отсликува индигнацијата против жестоката и валканата кампања на власта и послушничките медиуми против сопствените граѓанки и граѓани.

link - C

На натписот кој тој го ставил на својата глава, закачен е и беџ на ЦИВИЛ, за што посебно му благодариме.

 

Print Friendly, PDF & Email