Македонија е неслободна земја

 

Новинарите низ целиот свет се прогонувани, затворани или гинат на должност, а фактот дека огромен дел од овие неправди поминува неказнето е алармантен.

press freedom protest 2 - CopyВо член 19 од Универзалната декларација за човекови права од 1948-ма година, се наведува дека: „Секој има право на слобода на мислење и изразување; Ова право ја вклучува слободата да се застапува одредено мислење без никакво вмешување и да се бараат, да се примаат и да се даваат информации и идеи преку медиумите, без оглед на границите “.

Овие слободи се загарантирани и со Уставот на Република Македонија, но тоа не значи дека тие се почитуваат. Според неодамнешното истражување на Фридом хаус, Македонија се наоѓа на исклучително ниско ниво кога станува збор за медиумски слободи и е неслободна земја.

После падот од 22 места на листата на Фридом Хаус (од 94-то на 116-то место во 2013-та година, повторен пад на слободата на медиумите се забележува и оваа година. На листата на репортери без граници Македонија падна за седум места и сега се наоѓа на 123-то место. Тоа претставува пад од скоро 80 места во последниве 10 години.

И годинава јавноста не доби јасно изнесен став на Владата за ниското рангирање на медиумските слободи во Република Македонија. Ваквото игнорирање на оценката за нашата земја, меѓутоа, не беше случај во 2009 година, кога Владата дури директно го поздрави и изрази задоволство од извештајот на „Репортери без граници“.

Но постојат и позитивни примери од соседството. Владините реформи и чекорите за борба против корупцијата и донесоа напредок на Албанија, соопштува Фридом Хаус.

ban-ki-mun

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун

На светскиот ден на слободата на медиумите свое обраќање имаше генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун,

„На овој светски ден на слободата на медиумите ги повикувам сите влади, политичари, бизниси и граѓани да се посветат на негување и заштита на независните и слободни медиуми. Без ова основно право, луѓето се чувствуваат обесправени и помалку слободни. Затоа треба да придонесеме сите заедно за да креираме свет во кој владее достоинство и еднакви можности за сите“.

Светскиот ден на слободата на медиумите е основан од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во декември 1993 година, како продолжение на Семинарот за промовирање на независни и плуралистички африкански прес.

Овој семинар се одржа во Намибија во 1991 година и доведе до усвојување на Декларацијата од Виндхук за поттикнување на независни и плуралистички медиуми.

Декларацијата од Виндхук придонесе да се воспостави, одржува и негува независен, плуралистички и слободен печат. Оваа декларација ја истакна важноста на слободата на печатот за развој и одржување на демократијата во една земја како и за нејзин економски развој. Светскиот ден на слободата се прославува секоја година на 3 мај, денот на кој е донесена декларацијата Виндхук.

Биљана Еверет

Print Friendly, PDF & Email