Македонија: Преглед на настани (09 - 10 јули 2016)

Викенд-преглед на најважните настани во Република Македонија (09 - 10 јули 2016 година): Примитивизам и беззаконие на Галичица со амин од Општината и Националниот парк  || Процесот на издавањето на еврообврзницата е нетранспарентен || Величковски: Извештајот на Прибе не е мртов || Средба Коѕиас - Попоски

хв

Примитивизам и беззаконие на Галичица со „амин“ од Општината и Националниот парк 

Off_Road_Destroying_National_Park_Galichica_2016-702x336

Од Охрид SOS потсетуваат дека сите досега направени студии покажуваат дека иднината на Охрид е во развој на алтернативниот и активниот туризам, а не во промоција на масовен туризам кој ја уништува економијата, зашто се продава непроценливо богатство за евтини пари. „На Охрид не му требаат многу туристи кои ќе плаќаат малку, туку малку туристи кои ќе плаќаат многу“, додаваат од Иницијативата, од каде бараат и санкции за сите одговорни за нелегалните активности во Националниот парк, но и итно донесување на стратегија за туризам во Охрид која ќе се темели на начелата на активен и одговорен туризам.

Процесот на издавањето на еврообврзницата е нетранспарентен

Процесот на издавањето на еврообврзницата е нетранспарентен, води до натамошно влошување на одржливоста на јавните финансии на Република Македонија, ја амнестира фискалната недисциплина и е вовед кон натамошно задоволување на апетитите на клиентите на владеачката гарнитура во политичкиот процес, оценуваат од истражувачкиот Центар за економски анализи. Оттаму предупредуваат дека секое натамошно надворешно задолжување треба да бидае строго наменски и не за сите буџетски намени, како и да биде проследено со условувања од меѓународните финансиски институции.

Величковски: Извештајот на Прибе не е мртов

Пишува: Ивон Величковски Претседател на Либерлната партија

„Пораката на Хајндл дека 'предвремените избори треба да се случат пред 2018' е јасна и прецизна. Насочена е (и) кон оние што инсистираат на изборен датум без реформи, а кажува дека избори без суштински реформи се отстапување од принципите на модерната, евро-атлантска и европска Македонија, принципи на кои ЕУ и САД се подготвени да и помогнат да се изгради Република Македонија. Ако има лидери што тоа го сметаат за сопствена изворна определба, а не за натурена задача. Извештајот на Прибе не е мртов. Можеби 'пржинците' сакаа да го стават под ќилим, но тоа веќе не е можно. Затоа, брзи избори во 2016 за задржување на правото на поправен испит и зачувување на пар општински 'касаби' во 2017 се штетни и за СДСМ, и за граѓанско-слободарската опозиција и за земјата воопшто“, смета Ивон Величковски, претседател на Либералната партија.

Средба Коѕиас - Попоски 

Грчкото Министерство за надворешни работи  издаде кусо соопштение за вчерашната средба на министерот за надворешни работи Никос Коѕиас со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, на маргините на самитот на НАТО во Варшава. „За време на средбата, двајцата министри за надворешни работи разговараа за прашања од билатералната соработка, со акцент на промовирање и спроведување на мерките за градење доверба меѓу двете земји, а разговараа и за состојбите во регионот“, се вели во кусото соопштение на грчкото МНР.


german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: [email protected]

 

Print Friendly, PDF & Email