Протест пред судењето на членовите од Левица

Шарената револуција за денеска најави протестна прес-конференција, пред Основниот суд Скопје 1, каде во 10.30 часот треба да започне судењето на двајцата членови на партијата Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски.

Савески и Куновски повеќе од еден месец, под обвинение дека учествувале во демонстрациите против аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, на 13-ти и 14-ти април, кога беше демолирана народната канцеларија, се во куќен притвор.

вџдв

„Бараме слобода за демонстрантите. Бараме слобода за оние кои се борат за правда, додека криминалците се шетаат и извршуваат јавни функции“, е пораката за протестната прес-конференција, која е објавена на официјалниот фејсбук профил на #ШаренаРеволуција.

Судењето беше одложувано три пати поради некомплетна документација, недоставено вештачење за висината на штетата предизвикана од демолирањето на Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија.

ЦИВИЛ – Центар за слобода го осуди апсењето, побара ослободување на Савески и Куновски, и конечно да престанат притисоците и делувањето против активистите за човекови права и против граѓанското општество воопшто.

Print Friendly, PDF & Email