Македонија: Преглед на настани (12 јули 2016)

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (12 јули 2016 година) Зандер: Публикацијата на ЦИВИЛ е доказ за тоа што не е во ред во Македонија!|| Наставно-научниот совет на ФДУ не ги признава резултатите за претседател на СПУКМ || ДОМ прашува зошто не се постапува по граѓанските пријави до ДИК || Груевски нема да се повлече од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ || Според Чавков нема потреба од специјално полициско оделение || Работната средба во Пржино заврши без резултат ||  Синдикатот на УПОЗ ќе покрене кривични пријави против претседателите на судовите

-1

Зандер: Публикацијата на ЦИВИЛ е  доказ за тоа што не е во ред во Македонија!

13667839_1003151686469967_36764433441600698_o

„Публикацијата ‘Слободни избори: Услов за кој не се преговара’ е импресивен документ и доказ за тоа што не е во ред во оваа земја. Толку многу различни нивоа на корупција, заплашување и други кршења на законот, во комбинација со говор на омраза, клевета и навреда, е многу негативно постигнување за земја со големина колку што е Македонија!”, истакна заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Хелге Зандер, на завршната церемонија од проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, на која ЦИВИЛ – Центар за слобода ја промовираше публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“.

Наставниот совет на ФДУ не ги признава резултатите за претседател на СПУКМ

13563342_1278747382153442_1258776672_n

Наставно-научниот и уметнички совет на Факултетот за драмски уметности во Скопје објави предлог-заклучок за случувањата при изборот на претседател на СПУКМ. „Најостро го осудуваме скандалозниот начин на кој беа организирани и спроведени изборите за претседател на СПУКМ, спротивно на сите процедури, норми и критериуми за одржување фер и демократски избори. Оттаму, ННУС на ФДУ Скопје не ги прифаќа резултатите од вака спроведените избори. Бараме да се лоцира одговорноста за присуството на надворешни лица на територијата на УКИМ кои употребија насилство врз студентите на УКИМ", се вели во соопштението на ФДУ.

ДОМ прашува зошто не се постапува по граѓанските пријави до ДИК

ДОМ ги прашува четирите преговарачки тима од пржинскиот процес, зошто се заборавија повеќе од 6.000 граѓански пријави до ДИК за фантомски гласачи? Меѓу нив е и пријавата од ДОМ за неколку десетици непостоечки лица, или иселени пред повеќе децении во странство, или реални лица на погрешни адреси. Ниедно од пријавените лица не било ставено на списокот од 89.384 сомнителни гласачи кои теренски се проверувале. За ова од ДОМ реагирале во повеќе наврати, но од ДИК не добиле одговор.

Груевски нема да се повлече од функцијата претседател на ВМРО - ДПМНЕ

gruevski vo sud

Речиси во трчање, Никола Груевски ги одбегна новинарските прашања за вчерашната посета на Викторија Нуланд, како и шпекулациите во јавноста дека се подготвува избор на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Новинарите единствено добија три кратки „Не“, кои Груевски ги изговори додека се качуваше по скалите во Порта Македонија, каде се одржуваше состанок со неколку градоначалници. На прашањата дали ќе се повлече од функцијата и дали се подготвува нов избор на претседател на владејачката партија, тој одговори со „Не“. Груевски одби да одговори на останатите прашања на новинарите.

Според Чавков нема потреба од специјално полициско оделение

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков смета дека нема потреба од формирање на Специјално полициско одделение кое ќе работи за СЈО на Катица Јанева.
Во меѓувреме, од СЈО не ја потврдуваат, а ниту ја демантираат информацијата дека Нуланд и Јанева зборувале за можноста од формирање на специјално судско и полициско одделение кои би биле клучна поддршка за функционирање на СЈО.
Работната средба во Пржино заврши без резултат

По пет часа меѓупартиски преговори, средбата во резиденцијата на ЕУ амбасадорот во Пржино заврши без резултат што би можел да се објави во јавноста. Амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав  не се разочарани од денешната средба, бидејќи се работело добро, а разговорите биле конструктивни. Според нив, некогаш е потребно време за да се дојде до договор. Во денешните разговори меѓу четирите партии, учествуваа заменик-претседатлката на СДСМ, Радмила Шекеринска, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Преговорите ќе продолжат и следните денови.

Синдикатот на УПОЗ ќе покрене кривични пријави против претседателите на судовите

дфг

Синдикатот на УПОЗ најави дека ќе покрене кривични пријави против претседателите на судовите кои на вработените во судската администрација ќе им исплатат само 60 проценти од платата поради штрајк. Одлуката на Судскиот буџетски совет да се изготви нова пресметка на плата со која на сите вработени кои штрајкуваат ќе им се скрати 40% проценти е противуставна и противзаконска и претставува обид да се скрши штрајкот во судската администрација. Лидерот на УПОЗ Пецо Грујовски денес тврди дека се направени неколку прекршувања на законите, како што се одредени членови на Законот за работни односи и на Законот за судска служба.

german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: [email protected]к
Print Friendly, PDF & Email