Кршење на работничките права во Крушево

Во фабрика која е дел од „Орка Холдинг“, вработените се жалат на сурово нарушување на работничките права.

Вработено лице, кое сака да остане анонимно, затоа што се плаши од отпуштање, сведочи дека во фабриката за текстил се работи прекувремено, некогаш дури и по 12 часа, а државните празници се надоместуваат во работни денови, со дополнителна работа од 2 часа додека не се достигнат 8 часа, односно еден работен ден.

razgovor 1

И покрај редовните контроли и инспекции, раководниот тим на претпријатието, како што известува вработеното лице во „Орка“, секогаш велат дека во фабриката се работи во две смени и дека се почитуваат сите законски и работнички стандарди.

razgovor 3

Од вработените се бара да исполнат одредена норма на производни парчиња во текот на еден ден, двојно поголема во однос на другите фабрики, како што тврди соговорникот, во сопственост на Орце Камчев. Во споредба со другите фабрики, вработените работат двојно повеќе, а земаат помала плата.

Оваа фабрика, која претходно била во сопственост на Коста Моцан, под името „Голд Текс“, е преземена од Камчев пред една ипол година и била најавена од градоначалникот на Крушево како нова инвестиција.

Сотир Габелоски    


civiv-lenses-logo-en-lf-500x414-500x414

Оваа содржина се објавува во рамките на последниот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Print Friendly, PDF & Email