Конфекциските фирми ќе работат, превозниците под притисок

Набљудувачите на ЦИВИЛ јавуваат дека конфекциските погони во Штип ќе работат в недела, одлука која им е соопштена на работниците во пресрет на протестите закажани за тој ден. До ЦИВИЛ доаѓаат и информациите за тоа дека активистите на партијата на власт и медиумите под нејзина контрола, шират страв меѓу граѓаните наведувајќи дека СДСМ сака да започне граѓанска војна на 17 мај.

Извештаите потврдуваат дека атмосферата во Штип е тензична. Се зборува за тоа дека автобусите за јавен превоз кои се предвидени да ги превезуваат демонстрантите од Штип в недела, ќе бидат однесени на технички преглед.

Слични информации доаѓаат и од Битола и Прилеп, каде што се врши притисок врз превозниците кои веќе се ангажирани да превезуваат демонстранти в недела, да ги откажат своите ангажмани.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги охрабрува сите граѓанки и граѓани да го искористат своето право на мирен протест и да пријават за сите облици на притисоци, уцени или коруптивно делување на властите или структурите блиски до властите.

Бараме од власта да се откаже од своите навики да го попречува и ускратува основното човеково право на мирен протест.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish