Топол пречек на ЦИВИЛ во Виница и Берово

Еден од тимовите на ЦИВИЛ во едночасовната посета на Виница, имаше прилика да разговара со неколку десетици виничанки и виничани и да ги информира за проектот: "Напред!". Беа поделени стотина флаери со информативна и едукативна содржина, а поголем дел од нашите соговорници беше скептичен околу можноста Македонија на 5-ти јуни, да има фер, демократски и кредибилни избори.

Виница, 5 март 2016

Виница, 5 март 2016

По престојот во Виница, тимот на ЦИВИЛ продолжи во Берово, каде времето  го искористи за размена на мислења со беровчанки и беровчани, за политичката ситуација во Македонија и за проблемите кои ги мачат на локално ниво. Освен средбите со поддржувачите на ЦИВИЛ од беровскиот крај, членовите на тимот, поделија и информативен и едукативен материјал за правата на гласачите.

Проектот Напред! се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian