Карпошани повторно на протест против „урбаната мафија“

Карпошани денес, во 12 часот го блокираа булеварот „Партизански одреди“, револтирани од Општината која во континуитет ги игнорира нивните барања за сочувување на зелените површини за доброто на граѓанките и граѓаните.  Промената на деталните урбанистички планови на Општина Карпош, кој предвидува изградба на објекти и паркинизи на местото а зеленилото, ги собра карпошани на протест и оваа сабота.

Протест КарпошПрашањата кои ги упатија до градоначалникот Стевчо Јакимовски дали зеленилото, парковите, чистиот воздух и здравјето на жителите на Карпош, на сметка на усвоените дупови ќе бидат промашени инвестиции и обид за вадење на општината од банкрот и дали е свесен дека ако се реализираат усвоените планови, 5 000 карпошани ќе мора да се иселат поради лошите услови за живот.

Жителите на Карпош протестот го проследија со скандирање: „Карпош не го даваме, Стевчо го продаваме!“ и „Уа мафија!“.

Print Friendly, PDF & Email