Кампања, втор ден: Митинзи, прес-конференции, трибини, промоции....

Шестте партии и петте коалиции – учесници на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември, и денеска ја продолжуваат предизборната кампања и средбите со граѓаните.

Опозициската коалиција предводена од СДСМ денеска ја продолжува кампањата во Скопје, во населбите Драчево Кисела Вода и Аеродром, пред платото на ТЦ „Бисер“ во 19.00 часот.

krushevo3

Коалицијата која ја предводи владеачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи митинзи во Ресен 17.30 и во Струга во 20.00 часот.

Демократска унија за интеграција - ДУИ денеска во бизнис салата на Скопскиот саем  ќе ја промовира платформата за изборите, а нивните политички опоненти од албанскиот блок, Демократската партија на Албанците - ДПА ќе одржи митинг во село Црнилиште.

Коалицијата за промени и правда – Трет блок ќе одржи прес-конференција пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство во 14,00 часот, а вечерва ќе одржи митинг во Велес, во библиотеката „Гоце Делчев“, додека коалицијата „ВМРО за Македонија“, ќе организира трибина во Охрид, во Домот на културата „Григор Прличев“ во 19,00 часот.

Print Friendly, PDF & Email