Величковски: Партиите можат да договараат само Ден на дрвото, нe избори

Партиите вклучени во Договорот од Пржино во иднина може да договараат само Ден на дрвото - вели Ивон Величковски, претседател на Либералната Партија, кој учествуваше на јавната дискусија „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=lba9i7am6cs[/youtube]

„Новата плурална политичка карта на Македонија се исцртува, можеби тоа некого плаши, но тоа нас нѐ радува. Треба да се направи концентрациона влада, исклучива за партиски апаратчици, а инклузивна за активисти и граѓански сектор. Треба да има цивилна контрола над тајните служби, медиумски реформи, една изборна единица, попис. Партиите можат да договараат датум само за Ден на дрвото, но не можат да договараат датум за избори”, истакна Величковски.

Настанот се одржа во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian