Една година од смртта на малата Тамара

Утре, во 12 часот, пред Јавното oбвинителство во Скопје, ќе се одржи мирен протест, како одбележување на една година од смртта на малата Тамара Димовска од Велес.

Иако е помината цела година, Јавното обвинителство се уште се нема изјаснето по кривичните пријави против одговорните за нејзината смрт. Под мотото „Доста беше молк од Јавното обвинителство!“, целата на протестот е уште еднаш да се побара од  Јавниот обвинител, итно да покрене обвинените против одговорните за смртта на малата пациентка.

Тамара не ги доби потребните документи за лекување во странство, а Фондот и Министерството за здравство ја одолговлекуваа процедурата за нејзина операција. Институциите не можеа да се договорат дали и каде ќе се лекува деветгодишната Тамара, која имаше тежок деформитет на рбетниот столб.

10987437_725955314189607_6443712735629176349_nСмртта на Тамара, предизвика голем број реакции и беа организирани повеќе протести, со кои се бараше оставка и одговорност за виновниците за нејзината смрт.

Последниот протест беше во декември минатата година, кога опозицијата поднесе интерпелација за министерот за здравство, Никола Тодоров, за која една од причините, беше и смртта на малата Тамара. Додека расправата по повод интерпелацијата беше во тек и пратениците дебатираа за состојбата во која денес се наоѓа македонското здравство, граѓаните и граѓанските организации, меѓу кои и ЦИВИЛ-Центар за слобода, пред Собранието бараа оставка од Тодоров, што за жал, не влијаеше на одлуката на парламентарното мнозинство кое не ја изгласа поднесената интерпелација.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian