Канада со поддршка за протестите во Македонија

Поддршката од македонската дијаспора за Специјалното јавно обвинителство и за продемократските протести во Македонија постојано расте.

13124889_1145745308803103_3780984224811420321_n

Торонто, 2-ри мај 2016

Од вчера, и Македонците од Канада се дел од Шарената револуција. Како што за ЦИВИЛ информираше Ацо Лукароски, пред македонскиот конзулат во канадскиот град Торонто се собрале стотина Македонци кои упатија протест за состојбите во нивната матична земја.

13151894_1145745708803063_4923653952237356370_n

Торонто, 2-ри мај, 2016

Со пораките испратени од собирот истакнати биле истите барања, кои секојдневно одекнуваат низ улиците во Македонија, а тоа се: прочистување на Избирачкиот список, избалансирано известување на националната МРТВ и другите медиуми со национална концесија. Исто така, нашите сонародници од дијаспората искажаа и силна поддршка за СЈО, со барање за формирање специјален суд со што ќе се обезбеди правично судење за сите обвинети.

Најважното барање, како што информираше Лукароски, е формирање преодна, техничка влада која ќе обезбеди услови и ќе спроведе слободни, фер и демократски избори.

"Пријатно изненадување беше тоа што меѓу присутните имаше и многу членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои што не се согласуваат со политиката на актуелното раководство на нивната партија", објаснува Лукароски.

Марија Теговска

Print Friendly, PDF & Email