Македонија: Преглед на дневни настани (14 јуни 2016)

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (14 јуни 2016 година): Продолжува судењето за „Диво Насеље" || Протест за заштита на зеленилото во „Карпош“ || Партиите на средба со амбасадорите на САД и ЕУ || Видео анализа на Сашо Орданоски || Савески и Куновски од Левица од денеска на слобода ||  Вицепремиерот Зоран Ставрески поднесе оставка

Продолжува судењето за „Диво Насеље"

Процесот за случајот „Диво Насеље“ во Куманово, што се спои и со предметот „Молња“, продолжи денеска со читање на исказите на сведоците кои беа сослушани на главната расправа. Еден од обвинетите се пожали дека бил малтретиран за време на транспортот до судот. На денешното рочиште за „Диво Насеље“ се читаа исказите на сведоците кои ги дадоа за време на главната расправа.

Протест за заштита на зеленилото во „Карпош“

13239073_10153647283630036_391121609335587249_n

 

 

 

 

Граѓанските организации “Ние сме Карпош 4” и “Зелено Тафталиџе”, со поддршка од жителите на Скопје, кои се засегнати од, како што велат тие, нетранспарентното и несовесно интервенирање во урбанистичкиот план на Општина Карпош, во интерес на профитерскиот урбанизам, денеска ја блокираа  раскрсницата кај трговскиот центар “Сити Мол”.

Партиите на средба со амбасадорите на САД и ЕУ

Наместо лидерска средба, денеска средба на претставници на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. Партиски извори потврдија дека на средбата биле Радмила Шекеринска од СДСМ, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Партиските претставници разговараат во присуство на амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, а целта е да се работи на организирање лидерска средба.

Видео анализа на Сашо Орданоски

ordanoski

 

 

 

 

Во рамките на месечните видео-анализи на д-р Сашо Орданоски, беше опфатена и работата на Државната изборна комија. „Државната изборна комисија нема легитимитет“, смета Орданоски. "Државната изборна комисија, вака како што наново се формираше, беше еден обид да се воспостави некој политички баланс, внатре во неа, за да произнесе некаков легитимитет кој би бил прифатлив за сите страни", смета Орданоски.

Савески и Куновски од денеска на слобода 

DSC_1035
Дури четири дена по одлуката за укинување на мерката куќен притвор, членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, попладнево сепак, го добиле писменото решение за укинување на мерката и од денеска се на слобода. Од Кривичниот суд појаснија дека денеска истекува рокот за жалби, по што Судот ја известил полицијата за правосилноста на одлуката.

Вицепремиерот Зоран Ставрески поднесе оставка

Вицепремиерот Зоран Ставрески поднесе оставка на своите функции во Владата. Неофицијално, причина за ваквиот потег е неговото нарушено здравје. Ставрески ќе остане запаметен по зборовите: “Ние сме лудаци”, и “Немам за леб, а трошиме за чоколадо”, кои на јавноста ѝ станаа познати по објавувањето на проектот “Вистината за Македонија”.

 


german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на  настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: [email protected]

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English