Недоволна застапеност на жените во борбата против малото и лесно оружје

ЦИВИЛ – Центар за слобода учествува во Глобалната недела за акција против оруженото насилство, во партнерство со IANSA, која се одржува од 2003 година. Темата на глобалната акција оваа година е „Патот кон развојот и мирот започнува со замолучвање на оружјето“.

Во овој контекст ЦИВИЛ – Центар за слобода оваа недела ќе објави серија текстови за состојбите со контролата на мало и лесно оружје. Денешната тема се однесува на празнините во учеството на жените и нивната застапеност во борбата против малото и лесно оружје. Разбирањето на врските меѓу контролата на вооружувањето и родовите прашања од страна на властите мора да се подобри. Тие врски треба да се одразат во легислативата и другите владини процеси.

Основните проблеми кои IANSA ги препознава во однос на вклученоста на жените се однесуваат на непризнавањето на поврзаноста меѓу контролата на малото и лесно оружје и резолуциите кои се однесуваат на жените мирот и безбедноста.

Резултатите од Биеналната конференција на државите членки на Обединетите нации не допираат до државните агенции кои имаат овластување да го зголемат учеството на жените. Политиките на исклучување се резултат на слабата координација меѓу агенциите. Постои огромен недостаток на политичка волја за институционализација и спроведување на обврски за учеството на жените. Мал број на жени во одлучувачкит процеси за контрола на оружјето, на која се гледа како на исклучиво машка територија/прашање.

Контролата на малото и лесно оружје се смета за одговорност исклучиво на безбедносниот сектор. Поради родовите улоги, стереотипите и симболите, жените се малцинство во безбедносниот сектор кој доминира во контролните процеси за мало и лесно оружје. Националните политики за оружјето (во развиените земји и земјите во развој) се подготвуваат без учество на женските групи, и често во консултација со групи во кои доминираат мажи, кои не ги одразуваат грижите на жените, или посебните опасности за жените кои произлегуваат од злоупотребата на малото оружје.

Програмите за разоружување, демобилизација и реинтеграција (РДР) се најчесто наменети за мажи и не ги признаваат жените кои не носат оружје. Камповите за демобилизација не се дизајнирани за да одговорат на потребите на жените како борци, не-борци или оние кои ги придружуваат машките борци. Овие програми ретко се занимаваат со прашањата како репродуктивното здравје, психосоцијалната поддршка и грижата за децата. Постои огромен недостаток од механизми за обезбедување на учество на жените во мировните и безбедносните процеси, и особено процесите за контрола на мало и лесно оружје.

Влијанието на машката претстава за мажите како воини и заштитници, и за жените како немоќна група на која и е потребна заштита, како и негативноте ставови од страна на мажите и жените кон учеството на жените во процесите на контрола на малото и лесното оружје, влијаат на политиките на исклученост на жените во овие процеси. Постои сериозен недостаток од истражувања за влијанието на учеството на жените во контролата на мало и лесно оружје, како и во останатите мировни и безбедносни процеси. Недоволни фодови за напорите за создавање на родова димензија на воените и мировните процеси како и на РДР програмите.

Насоките за подобрување на состојбите со учеството на жените во контролата на мало и лесно оружје се однесуваат, пред се, на препознавање на врските меѓу контролата на мало и лесно оружје и резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Резолуцијата 1325 е првиот формално-правен документ од Советот за безбедност за спречување на кршењето на правата на жените и поддршка за учество на жените во мировните преговори и посконфликтната реконсктрукција, како и за заштита на жените и девојките од сексуално и родово засновано насилство во вооружени конфликти. Оваа резолуција стана рамка за организирање агендата која се однесува на жените, мирот и безбедноста.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian English