Институциите не обезбедуваат услови за слободни избори

ЦИВИЛ - Центар за слобода одржа експертска панел дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ на 17 март 2016 г. со учество на д-р Сашо Орданоски, политички аналитичар, Александар Новакоски, адвокат, правен експерт и поранешен претседател на ДИК и Сандра Гавриловска, адвокатка и правна експертка.[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=0OLELEKk2TE[/youtube]

Овие реномирани експерти ги претставија своите експертизи за политичката криза и за изборниот процес во земјата. Целта на панел-дискусиите на ЦИВИЛ е да се придонесе кон развивање на плуралистички амбиент и дебата во општеството.

Н.Е. Амбасадорката на Сојузна Република Германија д-р Кристине Д. Алтхаузер ја отвори дискусијата со свое воведно обраќање. Кратка презентација одржа и Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Овој настан е дел од проектот Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Print Friendly, PDF & Email