Meѓународната заедница (ќе) ја спасува Македонија

Заменик помошникот државен секретар за Европа и Азија во Стејт департментот Хојт Брајан Ји, доаѓа утре во Македонија. Агендата за неговата посета и личностите со кои ќе се сретне, се уште не се познати. Тоа што со сигурност може да се заклучи е дека неговата посета е во време на кулминација наполитичка криза, со „избори“ на кои, доколку се одржат на 5-ти јуни ќе учествува само ВМРО-ДПМНЕ и со едномесечни продемократски протести низ десетици градови за повлекување на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов

дфгвс

Последната посета на Хојт Брајан Ји во Македонија беше во март кога се разговараше за спроведувањето на Договорот од Пржино, а неговотот втрото доаѓање во толку кус период најавува дополнителни напори на САД за надминување на долгогодишната политичка криза во Македонија.

За оваа недела најавена е и посета на специјалниот германски пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, кој исто така, во Македонија доаѓа вторпат, но во период од само две недели. Минатата недела Хајндл имаше одделни средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи. На средбите, Хајндл имаше можност да ги слушне нивните ставови за актуелната политичка криза и за можностите за нејзино надминување.

742dd623-2b53-481c-9ce8-25f4fce5f7c51

Во соопштението кое го објави ВМРО-ДПМНЕ по средбата Груевски-Хајндл, се вели: “Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски истакна дека партијата е посветена кон изнаоѓање на решенија кои би значеле брз излез од наметнатата политичка криза, дека е потребна волјa и посветеност на сите субјекти за тоа, како и нивна активна партиципација и искрен пристап. Секое решение треба да биде базирано врз почитување на волјата на граѓаните, нивното расположение како главна определба и носечка сила во градењето и развојот на демократското општество”.

zoran zaev

И претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателската Радмила Шекеринска, се сретна со германскиот спцијален пратеник. Како што известија од СДСМ, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Македонија и за длабоката политичка криза.  На разговорите не изостанала ни темата поврзана со стратешките цели на земјава на патот кон ЕУ и НАТО, како ни начините за свикување на Собранието и одложување на изборите, и потребата од поништување на одлуката на Горѓе Иванов за аболиција.

„Интересот на Македонија и на сите нејзини граѓани е оваа криза што побрзо да заврши и земјата да зачекори кон сигурна и подобра иднина. Во Македонина може и мора да има слободни, фер, демократски и регуларни избори за што е неопходно исполнување на сите услови“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

13236039_614985585323541_386457312_n

“Со Хајндл разговаравме за политичката криза, како и за скопскиот договор. ДУИ ги претстави своите ставови за решавање на политичката криза. Во однос на изборите на 5 јуни, сметаме дека не би било добро да се одржат, поради имиџот на нашата земја. Бараме начини како може повторно да се свика Собранието на Република Македонија. Го информиравме Хајндл дека ние ги преземаме сите мерки, во согласност со консултациите со правните експерти од земјата и странство како Собранието повторно да се стави во функција. Кога ќе проработи Собранието, ќе се отворат многу други прашања”, изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети, по средбата со Хајндл.

taci

Хајндл, одржа средба и со лидерот на опозиционата ДПА, Мендух Тачи.

“Многу добра вест е тоа што ЕУ и натаму покажува конкретен интерес за Македонија. Се согласивме дека интеграцијата на Македонија во НАТО и Европската унија не би требало да има друга алтернатива. За нас, договорот од Пржино е пропаднат  време е за нов договор”, изјави Тачи. „Не може да правиме маркетинг од оваа трагична ситуација. Ние осум дена и осум ноќи разговараме и сега, јас ли треба да ви кажам што бараме. Тоа е тотално нефер однесување кон процесот на преговори. Еве, на пример, што бараме ние – новото Собрание да биде дводомно и Албанците да имаат право на вето за секој договор. Ако одиме маркетиншки, како Ахмети. Не е фер додека се разговара да се изнесуваат во јавност идеите“ смета Тачи.

цб

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија, Јоханес Хајндл, кој  беше именуван од германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер,  кој ќе работи заедно со Европската унија и САД, и ќе помага во решавањето на кризата во Македонија, по дводневните средби во Скопје не даде изјави за медиумите.

Германската амбасада ја пренесе само неговата пишана изјава во која се вели: “Дојдов за да се запознаам со ситуацијата и првенствено да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од ЕУ и од САД да вроди со успех. Мојата задача ја гледам во активната поддршка на овие напори. Развојот во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот”.

Марија Теговска

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian