Сеопфатен и јасен извештај за човековите права

Цивил во целост го поддржува овогодишниот извештај на американската Влада и може да посведочи дека загриженоста за состојбата со човековите права во Македонија е оправдана и точна

DSCF0377

ФОТО: Ванчо Џамбаски

Извештајот за човековите права во Македонија за 2013 година од Стејт Департментот на САД е објективен поглед на состојбата на човековите права во земјата. Ова е еден сеопфатен и јасен извештај кој дава преглед на главните области во кои човековите права и слободи се кршат во текот на годината. Извештајот со право го забележува неуспехот на македонската "влада за целосно почитување на владеењето на правото, вклучително и замаглувањето на државни и партиски активности, мешањето во судството и медиумите, селективното гонење на политичките противници, како и значителни нивоа на корупцијата во владата и неказнивоста на полицијата“. Понатаму, Извештајот открива "политичко мешање, неефикасност, фаворизирањето на добро позиционираните лица, пролонгирани судски процеси и корупција", што го карактеризираат судскиот систем во Република Македонија.

Извештајот на Американскиот Стејт Департмент го признава кредибилитетот на извештаите за постоење на политички затвореници во земјата, проблем кој беше истакнат од страна на бројни организации во земјата и во странство. Малтретирањето на притвореници и затвореници, лошите услови и пренатрупаноста во некои од државните затвори и ментални институции, ограничување на можноста Ромите да ја напуштат земјата; рестрикции на пристапноста на азилот; семејно насилство врз жените и децата; дискриминација на лицата со посебни потреби; тензиите меѓу етничките заедници на Албанците и Македонците; дискриминација на Ромите и другите етнички малцинства; општествена дискриминација и насилство против лезбејки, геј , бисексуалци и транссексуалци (ЛГБТ); анти-синдикална дискриминација; детски труд и несоодветна примена на законите за работни односи - сето ова е на листата на кршењето на човековите права во Република Македонија, содржана во Извештајот и тоа не е крај. Извештајот, исто така, го идентификува и мешањето на владата и "високо профилирани случаи на злоупотреба на службената должност или злоупотреба на службена положба за да принудат службеници или партиски членови или за заплашување на клучните опозициски лидери ".

Цивил - Центар за слобода во целост го поддржува овогодишниот извештај и може да посведочи дека загриженоста за состојбата со човековите права во Македонија е оправдана и точна. Покрај тоа, секоја од областите каде се изразува загриженост може да биде поддржана со уште повеќе случаи на злоупотреба на човековите права , извршени од страна на структури на моќта во земјата каде што нивото на политизација го достигна својот тоталитет.

Ја повикуваме владата да го промени курсот и практиките во однос на владеењето на правото и демократијата , особено во областа на човековите права и слободи, како што е дефинирано со Уставот и меѓународните стандарди. Остро ги осудуваме политиките и практикитесо кои се спроведува или се охрабрува кршењето на човековите права и повикуваме на итни чекори кон подобрување на состојбата со човековите права во земјата.

Очекуваме овој извештај да се искористи за нов рафал на обвинувања против САД во обид да се одвлече вниманието од доказите дека сериозното кршење на човековите права е реалност во Република Македонија. Апелираме до медиумите контролирани од владата да избегнат понатамошно первертирање на фактите и да престане со неточно известување за овој документ.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian English