И Министерството за култура „бомбардирано“ со јајца и боја

По пристигнувањето пред Министерството за култура, дел од демонстрантите почна да фрла со јајца и ќесиња со боја кон објектот.

Веднаш следуваше распоредување на дополнителни полициски сили, и проширување на периметарот, за да не можат граѓаните да дојдат поблиску до Министерството. Дел од јајцата и „бомбите“ со боја завршија и врз полицискиот кордон, што предизвика револт кај демонстрантите кои ги повикуваа неодговорните помеѓу нив да не фрлаат кон полицијата.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=0LoVsoDZMsM[/youtube]

Ситуацијата набргу се смири, немаше повредени, а демонстрантите се упатија кон последната дестинација на денешниот протест, просторот пред Владата на РМ.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian