Трајанов: Нема датум за избори без реформи

Павле Трајанов, претседателот на Демократскиот Сојуз говореше на јавната дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=_025MSKc-JI[/youtube]

Тој рече дека ни треба експертска, а не политичка влада и дека не смее да има датум за избори без да се спроведат реформите. „Доколку само ВМРО-ДПМНЕ оди на избори, кризата ќе се продлабочи и ќе стане потешка. Не треба да има нов датум за избори, сѐ додека не се спроведат реформи. Треба да се создаде експертска (а не политичка влада)“ - смета Трајанов.

Најголемиот дел од партиите кои учествуваа на дебата се согласија со ставовите на Трајанов, односно со заедничкиот став дека првин треба да се спроведат реформите, а потоа да се зборува за датум, како и со фактот дека мора се повлече аболицијата која ја покрена претседателот Иванов.

Настанот се одржа во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Print Friendly, PDF & Email