Голем медиумски одѕив за јавната дискусија на ЦИВИЛ “Плурализмот и политичката криза”

Јавната дискусија “Плурализмот и политичката криза”, која се одржа по четврти пат, ЦИВИЛ – Центар за слобода, предизвика голем одѕив кај медиумите во државата. Телевизиите 24 Вести, Телма, ТВ 21,  во централниот дневник, известуваа за настанот на кој присуствуваа повеќе од 20 лидери и високи претставници на политичките партии во земјата.

Најголем интерес кај медиумите предизвика говорот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој на дискусијата за прв пат ја претстави идејата за условен датум за избори, а не фиксен, како и други детали од процесите кои се одвиваат во овој момент во земјава.

Националниот сервис МРТ, во пренесување на изјавата на Заев, пропушти да одговори на основните новинарски прашања, односно каде и во чија организација беше настанот, каде се разговараше за клучните прашања и проблеми со кои се соочува Македонија во моментов.

Покрај излагањето на Зоран Заев, за телевизиите интересни беа и настапите на останатите политички лидери како што беше случајот со Лилјана Поповска, претседателката на ДОМ.

Интерес за јавната дискусија, покажаа и печатените медиуми. Фокус, Капитал, Слободен печат, Утрински весник, во своите печатени изданија но и на своите веб страни, објавија за настанот во организација на ЦИВИЛ, како организација која создаде простор за сите политички партии да го кажат својот став по прашањата поврзани со политичката криза и условите за одржување на фер, демократски и слободни избори.

IMG_6732 - Copy

Јавната дискусија на ЦИВИЛ беше тема и во повеќе веб портали.  Плус инфо, Нова ТВ, Скај вести, Стандард, Бриф, Либертас, Фактор, Локално, Кајгана, А1 он и низа други пишуваа за заедничкиот став на дваесетте партии кои беа дел од јавната дискусија, дека услови за слободни и демократски избори на 5-ти јуни нема. Изјавата на Зоран Заев беше во фокусот на нивното известување, но на некои од веб порталите, како што е случајот со Плус инфо, беа пренесени и изјавите на Павле Трајанов, Ивон Величковски, Весел Мемеди и Зулфи Адили. Од настанот информираше и Новинарската агенција Мета.

pps IV event

Учеството на лидерите на албанските, турските, влашките партии на јавната дискусија беше пренесено и во албанските медиуми. Алсат-М, Шења, ТВ 21 итн.

Настанот беше покриен и од медиумите кои вообичаено не известуваат за настани кои ги организира ЦИВИЛ, но овој пат, иако во крајно негативен контекст, не останаа рамнодушни и пренесоа дел од изјавите на лидерите на политичките партии, со посебен акцент на изјавата на Зоран Заев. Говорот на омраза, спинувањето, селективното известување и спектакуларните наслови го карактеризираат начинот на кој и овој пат известуваа ТВ Сител, Телеграф, Журнал, Прес 24 и низа други провладини медиуми.

Марија Теговска


Настанот се одржа во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.
Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian