Алити: Избори на кои некој се натпреварува сам со себе, не се избори

Фатон Алити, претседателот на Партијата за демократски просперитет (ПДП) го поддржа бојкотот на опозицијата велејќи дека тој е разбирлив поради скандалозната аболиција која ја донесе претседателот Иванов. Тој зборуваше за односите меѓу Албанците и Македонците, велејќи дека мора да се слушаме еден со друг. Според Алити, ние треба да се потрудиме изборите да не се случат, а дури и да се случат тие нема да бидат признаени од никој.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=-2sDWZwPemE[/youtube]

„За да се изгради слободно и демокоратско општество за сите граѓани, треба да се познаваме, но за тоа треба да се слушаме. Најавениот бојкот од опозицијата е повеќе од разумен. Условите не се исполнети, а тука е и скандалозната одлука на Иванов. Избори на кои некој ќе се натпреварува сам со себе нема да бидат признаени од никој, но ние треба да се потрудиме тоа да не се случи.“ - рече Алити.

Жестоки критики на сметка на власта, одложување на изборите, повлекување на аболицијата на Иванов, ослободување на медиумите, департизација на судството и низа други мерки и реформи за излез од политичката криза во Македонија, се дел од ставовите на највисоките претставници на над дваесет политички партии кои денеска беа дел од четвртата јавна дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода. На јавната дискусија присуствуваа над 50 претставници на организациите на граѓанското општество, медиуми, граѓански иницијативи и дипломатските претставништва и мониторинг мисии во Република Македонија.

Настанот се одржа во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

 

Print Friendly, PDF & Email