„Слободни избори: Услов за кој не се преговара“ е задолжително четиво за сите кои и сакаат добро на Македонија!

Публикацијата„Слободни избори: Услов за кој не се преговара“, беше промовирана во вторник на 12 јули, како своевидно заокружување на резултатите од едногодишната работа на тимот на ЦИВИЛ - Центар за слобода, во рамки на проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерството за надворешни работи на СР Германија

Публикацијата е отпечатена на македонски, албански и на англиски јазик.

Како што истакна заменик амбасадорот на Германија во Македонија, Хелге Зандер, публикацијата е задолжително четиво за сите оние кои имаат искрен интерес за иднината на Македонија, која ќе биде светла, само откако дијагностицираните проблеми ќе се решат.

Македонското онлајн издание можете да го најдете на веб страницата на ЦИВИЛ.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish