Генерален пленум во Куманово

Средношколскиот пленум од Куманово за денеска најави Генрален пленум во 12:15 часот во СОУ „Гоце Делчев“ во Куманово.

Матурантите се пожалија на неефикасноста на системот. Тестирањето започнало со два часа задоцнување, а одредени училишта имале само повремени падови на системот за време на тестирањето. Како тоа да не е доволно, средношколците се соочиле и со технички грешки во вид на непојавување на прашања, непојавување на фотографии, двосмислени прашања, понудени одговори на прашања со исто значење, нелогични прашања и прашања кои ги нема во материјалот што е предвиден во тестирањето.

„Овие недостатоци директно ќе влијаат врз нашите оценки. Утре, можеби токму поради едно погрешно прашање на екстерното тестирање (не по наша вина) ќе се запишеме на факултет со повисока партиципација“, стои во повикот на Средношколскиот пленум.

Според информациите кои излегоа во медиумите, на екстерното тестирање најмногу проблеми имаа матурантите кои немаат учебници по стручни предмети.

 

Print Friendly, PDF & Email