Амбасадорката Алтхаузер: Изборите се само еден од многуте чекори за враќање кон ЕУ перспективата

Н.Е. Амбасадорката на Сојузна Република Германија, д-р Кристине Д. Алтхаузер со воведно обраќање ја отвори експертската панел дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ - Центар за слобода на 17 март 2016. 

Ви благодарам многу што ме поканивте да ви се обратам за многу жешка тема.  Јас навистина го поздравувам  денешниот настан.

Побаравте некои воведни забелешки во однос на многу широка тема. Ќе имате три рунди на прашања/теми,  за целокупната ситуација, за договорот  од Пржино и за клучните  пречки. Опсежна агенда, навистина.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=66vox4sr8xM[/youtube]

Дозволете ми да започнам со зборовите дека ми се допаѓа името на вашата организација : ЦИВИЛ. Латинската основа на ЦИВИЛ  доаѓа од зборот civis - државјанин – односно, лица кои учествуваат во политичкиот процес, дебатираат, бараат и ги бранат своите права како граѓани. Разликата во францускиот јазик помеѓу  “citoyen” и буржоазија е смислата на зборот: буржоазијата  можеби има некои права во поглед на поседување сопственост, но (citoyen) – граѓанинот, всушност, се залага за учество, како и за еднаквост, слобода и солидарност.

Н.Е. Амбасадорката на Сојузна Република Германија д-р Кристине Д. Алтхаузер

Н.Е. Амбасадорката на Сојузна Република Германија д-р Кристине Д. Алтхаузер

Плурализмот на ставови и мислења е клучот за една жива демократија. Единствено  преку конкуренција на  концепти може да се најде вистинскиот. Спротивставените  ставови не се закана, туку  треба да се гледа на нив како покана за дебата и размена.  Живописно граѓанско општество е одлучувачки генератор за општеството како целина и особено, за политичкиот систем.

Граѓанското општество е широко прифатен  концепт, како што можев да посведочам од аспект на учесник во голем број на настани. Она што недостасува е врската меѓу  многуте добри идеи, кои беа артикулирани (изразени) и нивна имплементација. Ве охрабрувам да вложите максимални напори во барањето на одговорност од пратениците од вашиот регион или вашиот град.

Договорот од Пржино е активен (жив) и некои делови се веќе спроведени.  Многу други се уште се во тек.  Никој не знае дали ќе има избори на 5-ти јуни. На тој датум  е роденденот на Игор Стравински, во секој случај , тој факт е сигурен.

Настрана шегите, изборите не означуваат крај на еден процес, изборите се само еден од многуте чекори кои Македонија треба да ги преземе за да ја поврати својата евро-атлантска перспектива.

Секоја влада која ќе се создаде по изборите, ќе биде повикана на одговорност во однос на евро-атлантските политики, врз основа на обврските предвидени во договорот. Тие вклучуваат итни приоритетни реформи, Извештајот на Прибе и препораките содржани во извештаите за напредок.

Краткорочни обврски се расчистување на Избирачкиот список, балансирано медиумско известување и одвојување на партијата од државата – што ќе означи крај на заплашувањето на гласачите од јавни и државни службеници.  Овие обврски ќе бидат клучни за барем да ги надминеме  пречките кон веродостојни избори. Некои од чекорите се преземени, но понатамошен напредок во сите три области е од големо значење за да им се даде еднаква и фер шанса на сите политички партии на изборите.

Еден многу позитивен  чекор беше постојаното критикување кое граѓаните го упатуваа кон Избирачкиот список. Граѓаните сега имаат обврска да се надоврзат на нивните жалби и да обезбедат дека Државната изборна комисија ќе постапува според нивната волја. Се надевам дека сегашниот активизам ќе се зачува и ќе води кон посилна вмешаност на граѓаните во други политички области.

Германската амбасада со гордост дава поддршка за проектот “Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани”, проект кој ја подигна јавната свест за проблемите на национално ниво и создаде услови за да се слушне гласот на граѓаните.

Проектот "Напред" пак, овозможува долгорочно набљудување и следење на изборите, граѓанското образование и мобилизација на граѓаните и кревање на свеста.

Продолжете со добрата работа и ви посакувам успех во понатамошното водење на проектот!

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian