ДПА: Функционерите на ДУИ длабоко навлезени во корупција

Беким Фазлиу, пратеникот од редовите на Демократската партија на Албанците (ДПА), достави документација до Комисија за спречување на антикорупција, со која, како што вели тој, функционерите се вовлечени во корупција. Фазлиу го обвини министерот за правда Блерим Беџети и директорот на поштата Рафиз Халити за криминал и кражба.

“Блерим Беџети со својата работа како министерне направи ништо за Албанците. Блерим Беџетисвоето министерување го има искористено за притисок и рекет над извршителите и за земање мито за давање лиценци за нотари. Бројките за мито се алармантни и се движат од 30.000 евра, 60.000 евра се  до 100.000 евра. Министерот за правда непосредно или преку неговите луѓе се вмешани во криминал и кражби преку тендери, во притисоци врз судиите, како и врз затвореници  Албанци”, рече Фазлиу.

Функционерот на ДПА ги повтори предходните обвинувања. Според неговата партија министерот за одбрана, Талат Џафери, и поранешниот министер за одбрана, Фатмир  Бесими, имаат склучено повеќемилионски договори во четири очи, спротивно на законот.Министерот за економија, Ваљон Сарачини, земал мито за доделување дозволи и концесии, случај поткрепен со изјава на бизнисмен,кому му се побарани пари за да добие концесија. Министерот за локална самоуправа Тахир Хани месечно плаќа речиси 800 евра на поранешен партиски функционер или 850 евра месечно на неговата внука, која инаку никогаш не се појавила во министерството. Пратеничката Ермира Мехмети, спротивно на  законот, освен пратеничката плата, зема уште по 500 евра од Талат Џафери, без да се каже кои се тие услуги за кои се плаќа.Заменик директорот на УЈП Аргтим Асани секојдневно му прави штети на албанскиот бизнис со казни и затворања, а за својотбизнис воопшто не плаќа данок - рече Фазлиу.

Фазлиу побара од Комисијата за антикорупција да ја заврши работата во согласност со законот и да покрене постапки до сите функционери на ДУИ.

Арбана Ќерими

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish