Семинар за планирање, координација и обука

Цивил - Центар за слобода, во рамките на проектот „Слободни Избори 2014“, организира еднодневен семинар за планирање, координација и обука. Семинарот ќе се одржи в сабота, 5 април 2014 година.

Џабир Дерала, Претседател на Цивил, ќе направи презентацијата на „Слободни Избори 2014“ во која ќе зборува за целите, принципите и вредностите, како и компонентите и планот на имплементација на проектот. Изборите и македонскиот популизам е тема на која ќе говори Сашо Орданоски. Цивил Медиа тимот ќе одржат обука и работилница за принципи, правила и вештини за пишување извештаи и онлајн активизам. Во завршната сесија, Ана Битољану и Блерим Јашари ќе одржат предавање и работилница за пристап, зајакнување, превенција и трансформација на конфликти во контекст на набљудувањето на изборите. Семинарот е од затворен карактер и во него учествуваат проектниот тим на Цивил и дел од набљудувачите на организацијата во претстојниот изборен процес.

Семинарот е поддржан од германската невладина организација Форум Цивилен мировен сервис - програма за Македонија.

Петар Стојковиќ

Print Friendly, PDF & Email